Thursday, 13 November 2014 18:17 Фудбал

Англија | Месут Озил вели дека ќе биде надвор од стројот до крајот на годината, Оливие Жиру почна да тренира и наскоро ќе се врати на терените...



Репрезентативецот на Германија на почетокот од октомври го повреди коленото на дуелот со Челзи, и во прв момент се веруваше дека Месут Озил би можел да се опорави за два месеци.
 
Арсен Венгер се надеваше дека ќе може да смета на услугите на плејмејкерот за згуснатиот празничен распоред, но самиот играч сега открива дека ќе се врати во полн-ритам дури на почетокот од 2015.
 
„Веќе пет недели сум надвор од стројот и ќе паузирам уште седум” – вели Озил.
 
„Тоа е долг период, но понекогаш такви се работите во фудбалот”.
 
Добра вест за Арсенал е враќањето на Оливие Жиру, напаѓачот денеска почна да тренира.
 
Во август тој заработи повреда на тибијата, во прв момент се чинеше дека Французинот ќе паузира до крајот на годината, но минатиот месец Арсен Венгер откри дека фудбалерот се опоравува подобро од очекувањата.
 
Жиру би можел да го има својот кам-бек на терените на 22. ноември, кога Арсенал го пречекува Манчестер Јунајтед.
 
Во меѓувреме, медиумите од ’Островото’ пренесуваат дека продолжуваат проблемите за Абу Диаби, играчот го чека нова пауза од три месеци поради повреда на задната ложа.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...