Tuesday, 11 November 2014 14:08 Фудбал

Англија | Претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини вели дека во 2010 им го понудил Единсон Кавани на ’Граѓаните’, но тогаш Манчестер Сити го одбрал Марио Балотели...



’Супер Марио’ пристигна на Етихад во трансфер вреден околу 24 милиони фунти (30 милиони евра) на барање на Роберто Манчини, кој го познаваше напаѓачот од времето поминато во Интер.
 
Стратегот веруваше дека Марио Балотели перфектно ќе се снајде во Премиерлигата, но репрезентативецот на Италија на крајот се покажа како разочарување и во јануари 2013 беше продаден на Милан.
 
Во разговор со Tuttomercatoweb, претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини сега открива дека на Манчестер Сити имал можност да го ангажира Единсон Кавани, и под знак прашалник ја става одлуката на Роберто Манчини да го одбере Марио Балотели.
 
„Му го понудив Кавани на Манчини во Манчестер Сити, но тој го одбра Балотели” – вели Зампарини.
 
„Му кажав дека не ја разбирам ваквата одлука. Мислев дека Единсон е многу, многу подобар”.
 
Тоа лето, Наполи го ангажираше Единсон Кавани во трансфер вреден околу 17 милиони евра.
 
Уругваецот на Сан Паоло прерасна во еден од најдобрите голгетери во Европа, и во 2013 направи мега трансфер во ПСЖ вреден преку 60 милиони евра.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...