Wednesday, 27 January 2010 17:26 Фудбал

Карло Анчелоти смета дека Руни е многу позначаен за Манчестер Јунајтед отколку што Дрогба е значаен за Челзи.

Италијанскиот стратег смета дека Руни е незаменлив во Јунајтед и доколку тој е отсутен тоа ќе се почуствува врз резултатите на Црвените Ѓаволи.

За разлика од Јунајтед, кога Дрогба е отсутен, тука е Николас Анелка кој според Анчелоти е еден од најдобрите напаѓачи.

"На Манчестер Јунајтед би му било тешко без Вејн Руни бидејќи тој е најдобар напаѓач во нивниот тим и еден од најдобрите во светот" - вели Анчелоти.

"Кај нас доколку го нема Дрогба, тука е Николас Анелка кој е еден од најдобрите напаѓачи во светот".

"Руни е фантастичен фудбалер, шампион и играч од светска класа. Тој не е само напаѓач, не е само добар реализатор, тој игра за тимот".

Челзи е во преговори со Николас Анелка и Џо Кол, неизвесно е дали овие двајца ќе останат на Стемфорд Бриџ, но Анчелоти е уверен дека тоа ќе биде така.

"Анелка е топ играч и потребен му е клуб каде што има големи играчи".

"Исто е прашањето и со Џо Кол. Ние сакаме да го задржиме и тој сака да остане. Тоа би било вистинско решение. Истото е и за Николас.

Анчелоти беше запрашан што мисли за информациите кои го поврзуваат Гус Хидинк со враќање во Челзи како технички директор.

"Мислам дека во моментов тука има многу добри директори. Но нема да биде проблем за мене да работам со Гус" - заврши Анчелоти.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...