Tuesday, 26 January 2010 16:19 Фудбал

Стратегот на Интер, Жозе Мурињо вели дека во Интер тој го креирал тимот што го посакувал и предупредува дека сега на располагање има посилен состав отколку минатата сезона

Мурињо во интервју за медиумите од Англија изјави дека сегашниот Интер е во најдобра форма откако тој се пресели во Италија пред две години и тоа најмногу поради резултатите на неговата трансфер политика.

Нероаѕурите минатата година беа совладани од Манчестер Јунајтед во 1/8 – финалето од Лигата на Шампионите но Мурињо вели дека Челзи сега ќе се сретне со потежок противник.

“Мислам дека мојот тим е подобар отколку минатата година.” – рече Мурињо за The Times.

“Нормално, доколку сите се во добра форма, имаме повеќе солуции. Од тимот што играше против Милан, Самуел Ето не беше со нас, Дејан Станковиќ беше повреден, Кристиан Киву исто така, па и со неколку проблеми ние сме тим со повеќе решенија.”

“Ние сме подобар тим. Сега ова е мојот тим, тимот според мојата слика.”

“Година по година, ги менував работите според моите идеи и мојата филозофија.”

“Во нападот имам тип на играчи кои ми се допаѓаат, играчи што знаат да ја задржат топката и да играат фудбал, не само да постигнуваат погодоци.”

“Снајдер е играч што го немавме минатата сезона, кретивец во средниот ред. Лусио е подобар дефанзивец од претходните што ги имавме.”

“Мислам дека тимот сега има повеќе шанси за успех.”

За дуелот со Челзи во Лигата на Шампионите, Мурињо рече: “Знаеме дека имаме супер противник, но и Челзи знае дека нема да има лесна задача против нас.”

“Ги познавам нив но и тие ме познаваат мене. Ги познавам фудбалерите лично, секако, повеќето од нив го познаваат мојот менталитет и мојот начин да се биде менаџер и лидер. Во оваа смисла никој нема предност.”

“Потребно е да го освоиме шампионатот, за кој се скогаш се вели дека го освојува најдобриот тим, но Лигата на Шампионите може да се одлучи од некои среќени фактори: моментумот, специјален ден на некого, или пак негативен ден за другиот тим.”

“Се надеваме дека ќе успееме.”

За дуелот со Анчелоти, тој додаде: “Мојот рекорд против Анчелоти е ОК, ништо посебно.”

“Минатата сезона беше 1-1, кога јас бев во Порто загубивме од Милан во Супер Купот. Тој не е тип на тренер кого сум го победил 10 пати а тој мене ниту еднаш.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...