Monday, 25 January 2010 16:41 Фудбал

Жозе Мурињо е презадоволен од играта на Интер во дерби натпреварот против Милан, португалскиот стратег вели дека е среќен што го има Горан Пандев во тимот.

Интер го доби градското дерби во Милано, Горан Пандев беше јунак на натпреварот.

Жозе Мурињо е презадоволен од играта на неговиот тим и не го крие тоа во своите изјави.

Пандев требаше да биде повлечен од игра, но тој беше оставен да го изведен слободниот удар од кој го постигна убавиот гол.

"И претходно сум рекол дека среќниот тренер и подобар од добриот тренер. Горан требаше да излезе, но се работеше за среќа и инстикт, некој ми реше да го оставам на теренот уште неколку минути. Фудбалот е игра и понекогаш ви е потребна малку среќа. Ние имаме среќа што го имаме Пандев, среќен сум што имам многу добри фудбалери кои мислат само на победа" - вели Мурињо.

"Ние покажавме се, покажавме дека можеме да загубиме само доколку имаме шест фудбалери на теренот. Со шест фудбалери ќе загубевме, со седум победата ќе беше наша" - Мурињо коментира во негов стил.

"Но ова не беше вид на натпревар за кој сонуваат тренерите. Таков натпревар е оној во кој вашиот тим ќе победи, ќе игра многу добро, исто и противникот и судијата. Ова беше перфектен натпревар".

"Ние победивме денеска, Интер одигра спектакуларен натпревар од секоја гледна точка. Од првата минута можевме да видиме силен тим".

"Ова беше натпревар во кој моите фудбалери беа фантастични и Милан си ја играше неговата игра. Нема што повеќе да се каже" - изјави Мурињо.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...