Tuesday, 07 October 2014 12:37 Фудбал

Италија | Директорот на Јуве, Павел Недвед вели дека би му ја одземал капитенската лента на Тоти поради изјавите по контроверзното дерби помеѓу Јувентус и Рома...



По натпреварот помеѓу Јувентус и Рома на кој во центарот на вниманието беше судијата Џанлука Роки, Тоти излезе со изјава во која ги критикуваше арбитрите велејќи дека тие знаеле дека ќе завршат на втората позиција бидејќи Старата Дама секогаш има помош од судиите.
 
Поранешниот фудбалер на Јуве, сега директор во клубот, врати на нападите на Тоти велејќи дека тој никогаш не играл во голем тим.
 
„Иако Франческо ми е пријател и вистински голем шампион, на крајот од натпреварот бев лут на него поради она што го кажа пред камерите" - изјави Недвед.
 
„Тоти никогаш не играл во голем тим каков што е Јувентус и од таа причина не знае како е да се работи во толку важен клуб".
 
„Сите се против Јувентус, зад нас ги имаме само фановите, сите останати се против нас".
 
„Би рекол дека тоа има ефект и врз судиите, кои се плашат да досудат одлука во наша полза".
 
„Рома повторно има фантастичен тим, Тоти игра одлично и му честитам за тоа, за тоа што го прави на теренот, не она што го зборува пред камерите".
 
„Доколку беше во мојот тим и изјавеше дека ќе завршиме на второто место, ќе му ја симнев капитенската лента".

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...