Monday, 06 October 2014 12:31 Фудбал

Англија | Арсен Венгер и Жозе Мурињо имаат свои верзии за инцидентот кои се случи помеѓу двајцата на Стемфорд Бриџ...



Долго трае ривалството помеѓу Венгер и Мурињо и на теренот и надвор од него, но синоќа доживеа нова димензија кога двајцата и физички се судрија.
 
Арсен Венгер влезе во просторот на Жозе Мурињо и по првичната вербална расправија го турна Португалецот.
 
„Не жалам за тоа. Зошто да жалам? Сакав од точка А да дојдам до точка Б, и некој непријателски ме застана пред да влезам во точката Б" - вели Венгер.
 
„Во точката Б беше Санчез и сакав да видам колку лошо е повреден. Искрено не слушнав што зборуваше Мурињо. Доколку вистински сакав да го турнам, тоа поинаку ќе изгледаше".
 
И Жозе Мурињо има свое видување за инцидентот.
 
„Беше жешко бидејќи е голем натпревар, големи клубови, големи ривали, важен дуел и за двата тима. Поради тоа имаше многу емоции" - вели Мурињо.
 
„Двајцата тренери имаме свои технички простори пред клупата. Еден за мене, еден за него. Тој доаѓаше во мојот простор и тоа не поради правилни причини, сакаше да даде некои инструкции".
 
„Доаѓаше да го убедува судијата да му даде црвен картон на мојот играч, тоа не ми се допадна".
 
„Но да бидам искрен, сум направил многу погрешни работи во фудбалот, и понекогаш се губите поради емоциите, но не и сега. Овој пат јас бев во мојот простор и тоа што се случи не беше мој проблем. Приказната е завршена".

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...