Saturday, 23 January 2010 18:21 Фудбал

Македонскиот интернационалец, Горан Пандев е подготвен за своето прво Миланско дерби и се надева дека ќе постигне погодок на неделниот натпревар

Се очекува Пандев да биде стартер за Интер на утрешното градско дерби против Милан.

Македонскиот интернационалец по преселбата на Џузепе Меаца на почетокот од годината има комплетна доверба од Жозе Мурињо и веќе се запиша во листата на стрелци на дуелот со Бари.

Милито, Кака и Роналдињо постигнаа погодок на своето прво Миланско дерби и запрашан дали и тој ќе ја продолжи традицијата, Пандев рече: “Можеби.”

“Ќе биде одлично доколу постигнам погодок бидејќи овој натпревар е многу важен за двата клуба и позициите на табелата.”

Пандев и претходно има искуство од градско дерби, она Римското, помеѓу Лацио и Рома но напаѓачот е свесен за разликите помеѓу двата натпревари.

“Миланското дерби е различно. Тука луѓето размислуваат поинаку. Кога играв за Лацио фановите беа подготвени да загубат десет натпревари само доколку се победи Рома.”

“Но Интер и Милан размислуваат многу на повисоко ниво, го посакуваат Скудетото и Лигата на Шампионите. Триумф на еден натпревар не е доволно.”

Во интервјуто за La Stampa, македонскиот интернационалец додаде: “Во Интер се вратив како позрела личност, го познавам Италијанскиот фудбал и се наоѓам во голем клуб.”

“Интер беше мојот приоритет иако имав многу други понуди.”

“Дали се сеќавам на Миланското дерби помеѓу Примавера тимовите? Да, победивме 3-0 во полу-финалето но не ме прашувајте дали постигнав погодок. Имам ’дупка’ во меморијата.”

“Дали ќе биде полесно за мене доколку дојдат Ледесма и Коларов? Да, ги посакувам двајцата тука во Интер.”

Запрашан за расизмот во Италија кој е се почеста појава со појавата на црномурестито Италијанец, Марио Балотели, Пандев рече: “Расизмот е лоша работа и нема оправдување за таквото однесување.”

“И мене често ме нарекуваат циган но за разлика од Балотели јас не се грижам многу.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...