Friday, 22 January 2010 14:55 Фудбал

Напаѓачот на Манчестер Сити, Карлос Тевез го нарече Гери Невил ’идиот’ и ’подлизурко’ и признава дека прославувањето на погодокот во Карлинг Купот бил насочен директно кон неговиот поранешен соиграч

Аргентинскиот интернационалец два пати се запиша во листата на стрелци против Манчестер Јунајтед во жестокиот прв натпревар од Карлинг Куп полу-финалето.

Тевез пред крајот на првиот дел го изедначи резултатот со погодок од белата точка и истрча до аутлинијата за да размени гестови со ветеранот на Јунајтед, Невил.

Тевез со гестот на Невил му порача да ја држи устата затворена, како одговор на коментарите на Невил дека Тевез не вреди за парите кои Сити ги потроши за него.

Дефанзивецот на Јунајтед потоа одговори со свој гест – покажувајќи му го средниот прст на Тевез – причина да реагира ФА, која испрати писма за смирување на страстите во пресрет на реваншот на Олд Трафорд.

Но пред пораката од ФА да стигна до Тевез, напаѓачот за медиумите од родната Аргентина изјави: “Во сите медиуми тука Гери Невил застана зад коментарите на Сер Алекс Фергусон, велејќи дека не вредам 25 милиони фунти.

“Мислам дека тој погреши бидејќи беше мој соиграч и никогаш не сум кажал непочитување кон него. Јас секогаш сум го почитувал.”

“Чувствував дека тој е подлизурко кога ги поддржа коментарите на Фергусон дека не вредам за тие пари.”

“Од поранешен соиграч зборовите ме болат, кога тие се од тренерот тоа воопшто не ме изненадува.”

“Јас никогаш не би направил таков гест кон фановите, никогаш не би покажал такво непочитување кон луѓето. Тоа беше директно наменето за Гери Невил.”

“Не претерав со прославата и таа беше директна за Гери, не за Фергусон ниту за фановите. Јас дури и не го погледнав Фергусон.”

Во интервјуто за ESPN Radio Тевез додаде: “Јас бев првиот што се симна да руча во хотелот каде што беше сместен тимот и сите весници беа пред мене.”

“Погледнав во нив, без разлика што не можам да ги читам, имаше слики од Гери Невил и тие зборуваа за мене.”

“Ги прашав соиграчите што пишува.”

“Си помислив во себе ’што овој идиот зборува за мене кога јас ништо не сум кажал за него, кога никогаш немаше проблеми помеѓу нас?’.“
 
“Тој покажа непочитување кон поранешен соиграч.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...