Wednesday, 20 January 2010 15:47 Фудбал

Екипата на Барселона соопшти дека стратегот Пеп Гвардиола и следната година ќе го предводи клубот

Како што веќе соопштивме управата на Барселона за во 13:30 имаше закажано прес-конференција на која Жоан Лапорта и Чики Бегиристан ќе го соопштат новиот договор на Пеп Гвардиола.

Откако во последните неколку дена имаше многу шпекулации за иднината на Пеп Гвардиола, Барселона конечно потврди дека стратегот ќе биде на чело на првиот тим и следната сезона.

“Тука сме за да соопштиме дека Пеп Гвардиола ќе биде тренер на Барселона уште една година.” – рече Лапорта. “Сакам да им се заблагодарам на сите кои овозможија да го соопштиме ова.”

“Мислам дека ова се многу добри вести за Барселона бидејќи сите сакавме да продолжиме со Пеп.”

“Сакам да му се заблагодарам на Чики Бегиристан за успешно спроведените преговори.”

Пеп Гвардиола рече: “Знаев дека порано или подоцна ќе бидам тренер на Барселона и потребно е целосно да уживам во периодот што сум тука.”

“Како тренер на Барселона не можете да го поминете целиот живот во клубот а да не освоите ништо. Јас бев тој што бараше договор на пократок период, во кој како тренер, треба да освојам што е можно повеќе работи со играчите, фановите..”

“Сакав да знам дали ја имам поддршката на играчите и директорите доколку тоа се случеше.”

Гвардиола пред да дојде на кормилото на првиот тим во 2007 го предводеше младинскиот тим на Барселона со кого во првата сезона го освои првото место во својата дивизија.

Веднаш потоа во летото 2008 тој го наследи Франк Рајкард во првиот тим освојувајќи ја тројната круна во својата прва сезона.

Во својата втора сезона Гвардиола го освои Шпанскиот Супер Куп, Европскиот Супер Куп и Светското Клубско Натпреварување заокружувајќи ја незаборавната 2009.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...