Thursday, 11 September 2014 14:39 Фудбал

Англија | Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер вели дека повредата на Арон Ремзи не е сериозна, Велшанецот би можел да биде фит за дуелот со Манчестер Сити во сабота...



Фудбалерот од средниот ред, во вторникот го повреди скочниот зглоб во завршните мигови од дуелот против Андора во квалификациите за ЕВРО 2016.
 
Денеска врз Арон Ремзи ќе бидат извршени детални тестови, но повредата не е сериозна како што се чинеше во прв момент.
 
Зборувајќи утрово на прес конференција, Арсен Венгер рече: „Првичните информации не се лоши”.
 
„Денеска ќе бидат извршени тестови, но постојат мали шанси тој да биде на располагање за дуелот во сабота”.
 
„Го извитка зглобот, но се работи за ситна повреда. Денеска ќе знаеме повеќе за тоа дали ќе биде фит за дуелот со Манчестер Сити”.
 
За пресметката со ’Граѓаните’, Арсен Венгер ќе може да смета на Микел Артета, Киран Гибс и Месут Озил.
 
„Артета и Гибс нормално тренираат. Озил доби удар на средбата со Лестер и не настапи за Германија. Но ќе биде на располагање за дуелот со Сити”.
 
Запрашан за состојбата на Тео Волкот, кој е надвор од стројот од јануари, менаџерот на ’Топџиите’ рече: „За две или три недели тој ќе почне да тренира во полн ритам”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...