Wednesday, 20 January 2010 15:42 Фудбал

Селекторот на Италија, Марчело Липи утрово го посети тренинг центарот на Јувентус и разговараше со играчите, тренерот и управата

Како што пренесуваат медиумите од Италија, Марчело Липи утрово го следел тренингот на Јувентус во Виново.

Извештаите говорат дека селекторот на Аѕурите пристигнал околу 11 и имал состанок со Ферара и дел од управата на Јувентус.

Ваквата посета на Липи била планирана подолго време, откако стратегот реши да ги посети големите клубови од Серија А, со цел да се запознае со состојбата на играчите во пресрет на Светското Првенство.

Во случајот на Јувентус, Липи бил информиран за состојбата на Јакинта, кој се опоравува од повреда, Буфон и Каморанези, кој исто така има посериозна повреда.

Се шпекулира дека селекторот можно е да се сретне и со новото засилување Кандрева, кој би можел да пристигне во Торино многу наскоро.

Липи вчера беше и во посета на Милан каде што се сретна со Гатузо, Пирло, Ѕамброта и Алесандро Неста, кој од поодамна се повлече од репрезентацијата.

Како што изјави вчера, Липи нема да го посети Интер бидејќи во шампионот на Италија нема многу членови на репрезентацијата на Италија.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...