Wednesday, 09 July 2014 10:01 Фудбал

СП 2014 | Селекторот на Бразил, Луис Фелипе Сколари ја превзема целата одговорност за катастрофалниот пораз од Германија во полуфиналето од светското првенство...



Бразил синоќа доживеа историски дебакл, пораз од Германија од 7-1 во полуфинале од светско првенство на домашен терен, натпревар кој никогаш нема да се заборави.

Бразилската нација е во шок, Сколари ја превзема одговорноста и бара прошка од Бразилците.

„Ова беше најлошиот ден во мојот живот, но животот продолжува. Сакам да им кажам на Бразилците дека ние се обидовме да го дадеме тоа што можевме, најдоброто, играме против одличен тим" - вели Сколари.

„Тие за три-четири минути го решија натпреварот со неколку фантастични голови. Атмосферата во соблекувалната беше ужасна. Но мораме да продолжиме".

„Жал ми е што не ја исполнивме целта. Фановите ни даваа поддршка и кога беше пет, шест, седум нула за Германија".

„Јас сум одговорен за овој катастрофален резултат. Јас го правев изборот. Јас сум одговорен. Бараме прошка. Луѓе, ве молиме да ни простите за оваа голема грешка".

„Оставка? Не заборавајте дека имаме натпревар и во сабота, за третото место".

Сколари не бара оправдување во отсуството на Нејмар, вели дека ова можело да се случи и со него во составот.

„Не, не, не. Ајде да не бараме изговори во отсуството на Нејмар. Мислам дека немаше да биде поинаку и со него. Тој е напаѓач".

„Германија можеше да ни го направи ова и со Нејмар во составот. И тој не би знаел како да ни помогне во одбраната на акциите по кои ги примивме вториот, третиот, четвртиот и петтиот гол".

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...