Tuesday, 24 June 2014 11:41 Фудбал

СП 2014 | Мексико одигра фантастичен натпревар против Хрватска и обезбеди 1/8 финале, Бразил убедливо го победи Камерун за првото место во групата А...



Интересен натпревар, со многу шанси и четири гола одиграа Мексико и Хрватска, мексиканците беа подобриот противник и заслужено одат понатаму.

На Хрватска и беше потребна само победа, на Мексико му одговараше и реми, но не го бранеа почетниот резултат.

На почетокот Хрватска беше поактивна, но како одминуваше натпреварот Мексико беше се поопасен.

На головите се чекаше до 72. минута кога Маркез со глава реализираше за 1-0, потоа се беше полесно за Мексико.

Три минути подоцна контра која ја реализира Гуардадо за 2-0, а конечните 3-0 беа дело на Чичарито на осум минути до крајот на натпреварот.

Во финишот Хрватска успеа да постигне почесен гол преку Перишиќ за конечни 3-1.

Пред самиот крај на натпреварот, опасен старт на Ребиќ и директен црвен картон за него, тешко се помирија со поразот Хрватите.

Во натпреварот кој беше многу поизвесен, Бразил со убедливи 4-1 го совлада Камерун.

Нејмар повторно блескаше, постигна два гола, по еден реализираа Фред и Фернандињо.

Матип во првиот дел го постигна погодокот за Камерун.

По денешните натпревари познати се две 1/8 финални двојки, Бразил ќе игра против Чиле, Холандија ќе се сретне со Мексико.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...