Thursday, 19 June 2014 12:12 Фудбал

СП 2014 | Голманот на португалската репрезентација, Бето вели дека Кристијано Роналдо е комплетно подготвен за натпреварот против САД...



Роналдо имаше проблеми со повреди, но ѕвездата на португалскиот состав го одигра натпреварот против Германија.

На тој дуел Португалците доживеаа дебакл, па сега пред нив е натпреварот против САД кој мора да го добијат.

Имаше информации кои велеа дека Роналдо пред време го завршил синоќешниот тренинг, но Бето го демантира тоа.

„Роналдо не го заврши тренингот пред време. Заврши заедно со сите нас" - изјави Бето.

„Кристијано е 100% подготвен за настап. На секој меч на кој стартува, тој е комплетно подготвен".

„Го сака фудбалот, но неговото тело му е најважно, да биде фит, да биде здрав, па кога ќе стартува на некој натпревар, значи дека е комплетно подготвен за него".

Бето верува дека Португалија може да ја победи селекцијата на САД која имаше одличен натпревар во првото коло.

„Најдобрата верзија на Португалија може да го победи САД. Ги почитуваме нив како многу добар тим".

„Напредуваа во изминатите неколку години, имаме почит кон нив, но веруваме во себе, веруваме во нашата работа и нашиот квалитет, па мораме да бидеме одговорни".

„Треба да бидеме најдобро подготвени за овој дуел и јас верувам во тоа".

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...