Friday, 08 January 2010 21:25 Фудбал

Екипата на Ливерпул потврди дуелот со Тотенхем што требаше да се одигра во недела на Енфилд е одложен поради лошите временски услови исто како и дуелот помеѓу Хал и Челзи

Нова бран на одложени натпревари во Премиер Лигата поради лошото време и снежните врнежи што ја зафатија Англија.

Фулам-Портсмут, Барнли-Стоук и Сандерленд-Болтон уште утрово беа одложени а по долги консултации натпреварите Ливерпул-Тотенхем и Хал Сити-Челзи исто така попладнево беа одложени

Ливерпул утрово соопшти дека доставиле барање до Премиер Лигата дуелот со Тотенхем, кој требаше да се одигра на Енфилд во недела да биде одложен.

Поради лошите временски услови и замрзнатите патишта околу Енфилд, Црвените загрижени за безбедноста на фановите веруваат дека одложување на дуелот со Спарси е најдобро решение.

По неколку часовните консултации сите страни се согласија дербито од ова коло во Премиер Лигата да биде одложено.

Потпаролот на Ливерпул рече: “Иако теренот на Енфилд е во перфектна состојба, проблемот е во тоа што се соочуваме со ледени патишта кои водат до стадионот.”

“Безбедноста на нашите фанови е најважна и со оглед на времнесите прогнози за следните 48 часа решивме дека натпреварот треба да биде одложен.”

Исто така и екипата на Хал потврди дека од безбедносни причини се откажува дуелот со Челзи по што половина од натпреварите во ова коло од Премиер Лигата нема да се одиграат овој викенд.

Натпреварите што Арсенал, Бирмигнем, Виган ги играат на свој терен се очекува да бидат одиграни во закажаните термини.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...