Monday, 04 January 2010 22:04 Фудбал

Екипата на Интер со соопштение на својата официјална веб страна го потврди трансферот на Горан Пандев кој стави потпис на договор со трајност до 2014...

Конечно Горан Пандев е играч на Интер!!! Македонскиот интернационалец се поврзуваше со преселба на Џузепе Меаца уште изминатото лето но дури ова зимо успеа да го облече дресот на Интер.

Лотито одби да го продаде Пандев во август но по судски пат на 23 декември напаѓачот се избори за раскин на договорот по што слободно можеше да потпише за својот нов клуб.

Многу клубови доставија понуда до напаѓачот но Горан се одлучи да се врати во клубот кој го донесе во Италија и стави потпис на договорот со шампионот на Италија.

Како што веќе објавивме, Пандев утрово стави потпис на договор со Интер со трајност до јуни 2014 и само еден час подоцна Нероаѕурите на својата веб страна го потврдија ангажманот на Македонецот.

“Екипата на Интер сака да соопшти дека Горан Пандев е наш нов фудбалер. На заедничко задоволство играчот стави потпис на договор со трајност до 30 јуни 2014.” – гласеше соопштението на официјалната веб страна на Интер.

“Договорот е доставен до Лига Калчо.”

“Пандев ќе го носи дресот со бројот 27.”

“Презентацијата на играчот пред медиумите е закажан по дуелот со Киево, кој се игра во среда.“

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...