Wednesday, 30 April 2014 12:19 Фудбал

Англија | Од таборот на ’Спарси’ ги негираат сториите кои велат дека е остварен контакт со Ајакс за тренерот Франк де Бур да се пресели на Вајт Харт Лејн...



Тим Шервуд доби 18 месечен договор кога го наследи Андре Вилаш Боаш во декември, но често се говори дека стратегот нема да го предводи Тотенхем следната сезона.
 
Подолго време кружеа шпекулации дека ’Спарси’ се обидуваат да стигнат до услугите на Луј ван Гал, но се чини дека селекторот на Холандија ќе седне на менаџерското столче на Манчестер Јунајтед.
 
Франк де Бур се посочува како уште една желба, а утрово неколку весници објавија дека Тотенхем минатиот месец остварил контакт со спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс.
 
Самиот Де Бур исто така потврди дека има понуда од ’Спарси’, и за националниот ТВ канал NOS рече: „Тотенхем стапи во контакт со мене. Ќе слушнам што има да понудат и ќе се сретнеме во следните недели”.
 
Сепак, тимот од Вајт Харт Лејн попладнево негираше дека е остварен контакт со други клубови.
 
„Извештаите кои велат дека сме стапиле во контакт со други клубови во врска со тренерскиот персонал потполно се погрешни” – гласеше известувањето на Тотенхем.
 
„Не сме оствариле контакт со ниту еден клуб во врска со ангажман на нов тренер”.
 
„Жалиме што мораме да издадеме вакво соопштение, сепак чувствуваме дека има потреба за разјаснување на работите”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...