Tuesday, 29 April 2014 12:28 Фудбал

Италија | Тренерот на ’Бјанконерите’, Антонио Конте ја продолжи медиумската војна со неговиот колега од таборот на Рома, Руди Гарсија...



Медиумските преписки помеѓу двајцата стратези започнаа пред неколку дена откако стратегот на Рома ги повика останатите клубови од Серија А да дадат 100% во дуелите со Јувентус и да ја направат трката за Скудетото поинтересна.
 
Антонио Конте одговори дека Руди Гарсија е провинцијалец, и ваквите коментари ги опиша како ’кафански муабети’.
 
Потоа следуваше нова изјава на тренерот на ’Римската Волчица’ кој сугерираше дека неговиот колега на кормилото на Јувентс го чувствува притисокот од трката за титулата.
 
По вчерашниот триумф на гостувањето кај Сасуоло, ’Старата Дама’ се приближи на само еден бод до Скудетото, а Антонио Конте ја искористи оваа прилика да му одговори на Руди Гарсија.
 
„Слушам како луѓето велат дека Рома има стратосферска сезона” – рече Конте.
 
„Ние имаме осум бода повеќе од нив на три кола до крајот, и играме во полу-финале од Лига Европа”.
 
„Па во овој момент не можам да најдам придавка за да ја опишам нашата сезона”.
 
„Се она што Јувентус ќе направи станува очекувано. Доколку триумфираме во Лига Европа, ќе се смета како безвреден трофеј”.
 
„Доколку загубиме, луѓето ќе велат дека Јувентус не е подготвен за Европа. Кога ќе постигнеме нешто, луѓето се однесуваат како тоа да е најнормална работа”.
 
„Мислам дека тие што се позади нас, а не ние, се нервозни”.
 
„Треба да внимаваат што говорат, бидејќи Рома и Гарсија направија чекор наназад кон културата на сомнеж со коментарите за ’помош’ и тоа дека противниците не го давале максимумот”.
 
Погодокот на Фернандо Љоренте со кој Јувентус ја завери победата, Антонио Конте го прослави во стилот на Жозе Мурињо и на колена се лизгаше по тревата.
 
„Правевме значаен чекор кон историско Скудетото, тоа ќе биде трето во низа” - даде стратегот образложениот за својот потег.
 
„Отсекогаш сум имал одредено однесување, уште во времето кога бев во Арецо. Како играч бев страстен и полн со ентузијазам, и таков сум и сега како тренер”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...