Monday, 28 April 2014 13:39 Фудбал

Останато | Алесандро Дел Пјеро става крај на двегодишната авантура во Австралија, напаѓачот ќе го напушти Сиднеј ФК...



39 годишниот Италијанец утрово соопшти дека нема да го продолжи договорот па следната сезона нема да го носи дресот на Сиднеј ФК, но не ја откри неговата следна дестинација.
 
„Австралија, дојде моментот да кажам ’аривидерчи’. Мојата авантура со Сиднеј ФК е пред самиот крај” – гласеше известувањето на Алесандро Дел Пјеро.
 
„И покрај тоа што одлуката ме прави тажен бидејќи времето поминато тука беше прекрасно, му соопштив на клубот дека заминувам”.
 
„Благодарен сум за изминатите две години и за барањето на клубот да останам, подготвен сум да проучам нови можности за продолжување на соработката”.
 
„Изборот не беше лесен бидејќи мојот живот тука беше фантастичен, јас и моето семејство навистина уживавме во овие две прекрасни години”.
 
„Австралија засекогаш ќе остане во нашите срца”.
 
„И покрај тоа што живеев на другата страна од светот, се чувствував како дома уште од првиот ден. Па сакам да им се заблагодарам на сите, а најмногу на фановите“.
 
Медиумите говорат дека Дел Пјеро е желба на неколку клубови од САД и Обединетите Арапски Емирати.
 
Легендата на Јувентус исто така се поврзува и со тренерското столче на Сиднеј ФК, откако тренерот Френк Фарина доби отказ.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...