Thursday, 10 April 2014 12:09 Фудбал

Лига на Шампиони | Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо потврди дека голманот Тибо Куртоа нема да игра против Челзи доколку двата клуба се сретнат во полу-финалето од Лигата на Шампионите...



Репрезентативецот на Белгија е во сопственост на Челзи, но веќе три сезони настапува како позајмен фудбалер на Висенте Калдерон.
 
Двата клуба изборија пласман помеѓу четирите најдобри во Лигата на Шампионите, и можно е да ги одмерат силите во полу-финалето.
 
Доколку ждрепката во петок ги спои Атлетико и Челзи, тимот од Мадрид нема да смета на услугите на својот прв голман.
 
За разлика од Премиер лигата, УЕФА не дозволува клаузули со кои ќе им се забрани на играчите да настапуваат против одреден клуб.
 
Но ’Сините’ сепак се заштитиле вметнувајќи клаузула според која Атлетико Мадрид ќе треба да плати голема сума на пари доколку Тибо Куртоа настапи.
 
Медиумите шпекулираат со неколку цифри, едни извештаи говорат за 3 милиони евра по натпревар, а други за 5 милиони евра по натпревар.
 
Претседателот на Атлетико, Енрике Серезо, без да открива детали само кратко рече: „Доколку се паднеме со Челзи, Куртоа нема да игра”.
 
„Се работи за сума која не можеме да ја платиме”.
 
Во дресот на Атлетико, Тибо Куртоа израсна во еден од најдобрите голмани.
 
Неколку клубови пројавуваат интерес за неговите услуги, но се чини дека тој ќе стави потпис на нов договор со Челзи и одново ќе се врати во Мадрид на позајмица.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...