Tuesday, 08 April 2014 12:46 Фудбал

Лига на Шампиони | Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола верува дека Манчестер Јунајтед ќе одигра уште една дефанзивна партија и ќе го паркира автобусот пред својот гол...



На првиот натпревар минатата недела на Олд Трафорд, ’Црвените Ѓаволи’ му дозволија на противникот да го има поседот на топката, одиграа цврсто во одбраната и најчесто се закануваа преку брзи против напади.
 
Ваквата поставеност им овозможи неколку шанси за погодок и реми од 1-1.
 
И покрај тоа што 0-0 не им одговара, и Манчестер Јунајтед ќе мора да се обиде да постигне гол на Алианц Арена, Пеп Гвардиола не очекува шампионот на Англија да ја промени тактиката.
 
Предводникот на Баерн верува дека ’Црвените Ѓаволи’ одново ќе одиграат дефанзивно и својата шанса ќе ја бараат во контрите.
 
„Никогаш не е лесно против екипите од Англија” – вели Пеп.
 
„Мислам дека Јунајтед одново ќе се брани длабоко на својата половина. Ќе игра дефанзивно и ќе се обиде преку контра напади да ни создаде големи проблеми. И во ова се многу, многу добри”.
 
„Играме дома и тоа е важен фактор. Сигурен сум дека можеме да се пласираме во полу-финале, но за да го оствариме ова, потребно е да одиме на победа, не смееме да играме на реми”.
 
„Доколку победиме ќе бидеме помеѓу четирите најдобри, доколку загубиме нема. Мали детали ќе бидат одлучувачки”.
 
За овој натпревар суспендирани се Бастијан Швајнштајгер и Хави Мартинез, а Тиаго Алкантара нема да настапи поради повреда.
 
„На располагање имаме само 14 играчи од првиот тим, па немам многу опции”.
 
Вејн Руни е под знак прашалник кај гостите, но Пеп е убеден дека напаѓачот ќе игра.
 
„Можам да се обложам во пиво дека Руни ќе игра. Сигурен сум дека тој ќе игра, 100% сум убеден”.
 
Шпанецот потоа додаде: „Јунајтед е многу голем тим. Пред првиот натпревар, сите зборуваа само за Баерн. Сега луѓето знаат дека Манчестер може да победи во Минхен”.
 
„По нашето искуство на Олд Трафорд знаеме како противникот игра. Моите играчи знаат кои се слабите и јаките страни. Со поддршката на фановите можеме да победиме”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...