Tuesday, 01 April 2014 12:55 Фудбал

Франција | Трансфер целта на Челзи и Јунајтед, Единсон Кавани признава дека не е задоволен што игра надвор од позиција, Уругваецот по крајот на сезоната ќе разговара со лидерите на клубот за неговата иднина...



засилување за кое ’Светците’ платија околу 64 милиони евра.
 
Се чинеше дека Единсон Кавани ќе биде главниот напаѓач на ПСЖ, но таа улога му припадна на Златан Ибрахимовиќ, а репрезентативецот на Уругвај често е употребуван по крилните позиции.
 
Во разговор со L’Equipe, играчот признава дека не е задоволен од статусот и по крајот на сезоната ќе разговара со лидерите на клубот за неговата иднина.
 
Челзи и Манчестер Јунајтед се посочуваат како клубовите кои посакуваат да го ангажираат Единсон Кавани, но напаѓачот не знае ништо за ваквиот интерес.
 
„Морам да го дадам максимумот без разлика на позицијата на која играм” – вели Кавани. „Но точно е дека не ми е лесно”.
 
„Добро ми е во Париз, но има работи за кои треба да разговарам со клубот. Дали ќе останам во ПСЖ и следната година? Не знам, ќе видиме по крајот на сезоната”.
 
„Одредени работи требаше да бидат поинакви. Сега помагам во одбраната многу, јас имам друга идеја за тоа каква треба да биде мојата улога во тимот”.
 
„Како напаѓач, навикнат сум да ги завршувам нападите и да постигнувам голови, но сега треба да извршувам други задачи. Па навистина не ми е лесно”.
 
„Не сакам да зборувам за жртвување, бидејќи немам ништо против да ги извршувам овие задачи”.
 
„Но сега имам многу подефанзивна улога од претходно. Повеќе сум како дефанзивец, и ми е потешко бидејќи имав други идеи кога пристигнав”.
 
Медиумите од ’Островото’ велат дека агентот на играчот во февруари бил во Лондон каде одржал неколку состаноци со претставници на екипи од Премиер лигата.
 
„Искрено не знам дали мојот агент се сретнал со други клубови. Доколку нешто треба да се случи, мојот брат ќе се погрижи за тоа и ќе слушне што има да кажат заинтересираните клубови”.
 
Минатото лето Челзи пројавуваше интерес, но ’Сините’ не можеа да си ја дозволат оштетата што Наполи ја бараше за играчот.
 
„Челзи беше заинтересиран. Но во трансфер пазарот најважно е да потрошите пари, како што тоа го стори Палермо во 2009, Наполи во 2011 и ПСЖ минатото лето”.
 
„ПСЖ покажа права желба и одлучност да ме вметне во проектот. Кога ќе видите колку вложија во мене, тоа е доказ дека навистина ме посакувале”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...