Thursday, 20 March 2014 12:28 Фудбал

Лига на Шампиони | Робин ван Перси вечерва беше херојот на ’Црвените Ѓаволи’, напаѓачот постигна хет-трик за победа од 3-0 над Олимпијакос и пласман во следната рунда од Лигата на Шампионите...



Манчестер Јунајтед беше на прагот на елиминација откако загуби со 2-0 на првиот натпревар, но шампионот на Англија пред своите фанови прикажа одлична партија, ја надополни негатива од гостувањето во Грција, и обезбеди пласман помеѓу осумте најдобри во најелитното европско натпреварување.
 
Инспиратор на кам-бекот беше Робин ван Перси, Холанѓанецот во три наврати ја затресе мрежата на Олимпијакос.
 
Резултатот беше отворен во 25. минута од белата точка. Ван Перси беше соборен во шеснаесетникот на гостите, напаѓачот ја изведе најстрогата казна и биеше неодбранливо за водство од 1-0.
 
Олимпијакос можеше да му зададе силен удар на Манчестер Јунајтед петнаесетина минути подоцна, но Давид Де Геа го задржа својот тим во игра со две одлични интервенции.
 
Казната за овие промашувања стигна во надполнувањето на првиот дел, по една долга топка на Гигс, одбраната на домаќините реагираше лошо, Руни го искористи тоа и го проигра Ван Перси кој биеше по земја за предност од 2-0.
 
Холанѓанецот го комплетираше својот хет-трик во 52. минута кога од слободен удар одново го матираше голманот на Олимпијакос.
 
Гостите потоа се обидоа да стигнат до погодок вреден четврт-финале, но избраниците на Мичел не успеаа посериозно да се заканат по голот на Де Геа.
 
На вториот вечерашен натпревар, Зенит се прости од Лигата на Шампионите со триумф од 2-1 на гостувањето во Дортмунд.
 
Хулк го отвори резултатот со прекрасен удар од даллечина во 16. минута, а домаќините дојдоа до изедначување во 38. минута, преку голот на својот капитен Кел.
 
Во 73. минута, Рондон го донесе Зенит во водство од 2-1 и помогна тимот од Русија да се опрости од најелитното европско натпреварување со победа.
 
Ждрепката која ќе го трасира патот до финалето е во петок, а за прв пат во историјата на Лигата на Шампионите, помеѓу осумте најдобри се сите тимови што завршија како победници во своите групи – Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, ПСЖ, Баерн Минхен, Челзи, Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид и Барселона.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...