ВИЦ

Трпе не се вратил дома, и утре дента и кажува на Трпана дека преспал кај некој пријател. После пола саат Трпана му вика:
- Се јавив кај 10 твои пријатели, од нив 7 ми потврдија дека си спиел кај нив, а другите тројца тврдат дека сеуште си таму.

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Friday, 25 December 2009 15:21 Фудбал

Челзи се соочува со напаѓачка криза во пресрет на празничните натпревари во Премиер лигата.

Николас Анелка поради повреда ќе паузира најмалку три натпревари а Дидие Дрогба и Саломон Калу по натпреварот против Бирмингем ќе заминат во својата татковина на подготовки за Африканскиот куп на нации.

Според тоа Анчелоти останува само со Даниел Стариџ и 18-годишниот Фабио Борини кој досега нема постигнато гол за Челзи, а немал ниту старт за тимот во Премиер лигата.

Анчелоти беше уверен дека ќе може да ги задржи Дрогба и Калу за дуелот против Фулам на домашен терен.

Но селекторот на Брегот на Слоновата Коска, Вахид Халихоџиќ инсистираше дуото да биде во составот до 27 декември.

"Направив грешка со мојата изјава. Официјално фудбалерите треба да заминат 14 дена пред стартот на Африканскиот куп на нации кој почнува на 11ти јануари" - признава Анчелоти.

"Се надевав дека Дрогба ќе игра против Фулам, но зборував со нивниот селектор и тој му рече дека сака сите фудбалери од Премиер лигата да ги има на 27 декември".

"Против Фулам ќе ги имаме само Стариџ и Борини но во јануари Анелка ќе биде повторно на теренот".

Анелка дефинитивно ќе ги пропушти натпреварите против Бирмингем, Фулам и натпреварот од ФА Купот против Ватфорд.

"Повредата на Анелка не доаѓа во најдобар момент, тој има проблеми со мускулот и нема да може да игра во следните неколку натпревари".

"Стариџ одигра добро во вториот дел против Вест Хем и можеби против Бирмингем ќе игра од почеток на натпреварот и ќе има можност да ги покаже неговите квалитети" - изјави Анчелоти.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...