Wednesday, 12 March 2014 16:42 Фудбал

Лига на Шампиони | Баерн Минхен и Атлетико Мадрид ја оправдаа фаворитската улога и се пласираа меѓу осумте најдобри во Лигата на Шампионите...



Откако ги добија натпреварите на гостински терен, овие два тима вечерва влегоа со огромни шанси за пласман во 1/4 финалето, тоа и се случи.
 
Баерн Минхен одигра 1-1 против Арсенал на Алијанц Арената, Атлетико Мадрид со убедливи 4-1 славеше нова победа против Милан.
 
Резултатот во Минхен беше отворен во 55. минута кога по асистенција на Рибери, Швајнштајгер погоди за водство на Баварците.
 
Само две минути подоцна, Подолски го изедначи резултатот, напаѓачот на Арсенал можеби направи прекршок врз Лам, но судијата дозволи да ја заврши акцијата.
 
Баерн Минхен имаше огромна шанса за победа, но Милер не реализираше пенал во судиското продолжение.
 
Поинтересно беше на Висенте Калдерон, каде што Атлетико Мадрид со 4-1 го победи Милан.
 
По една грешка на Есиен во 3. минута, Атлетико Мадрид реализираше убава акција, по асистенција од Коке, Диего Коста погоди за водство од 1-0.
 
Како одминуваше времето Милан ја консолидираше играта, па во 27. минута Кака со глава го изедначи резултатот на 1-1.
 
Росоњерите имаа шанса и за комплетен пресврт, но на пет минути до крајот на првиот дел, Арда Туран постигна среќен гол за ново водство на Атлетико Мадрид.
 
Во второто полувреме Атлетико Мадрид рутинирано го финишираше натпреварот, со головите на Гарсија и Диего Коста дојде до конечна победа од 4-1.
 
Утре на програмата се уште два 1/8 финални натпревари, Барселона - Манчестер Сити, ПСЖ - Баер Леверкузен.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...