Wednesday, 05 March 2014 19:16 Фудбал

Англија | Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо вели дека во денешно време младите играчи повеќе се заинтересирани за тоа како да се збогатат отколку да забележат успех...



’Специјалниот’ не е задоволен од ваквиот тренд и ги советува следните генерации на фудбалски ѕвезди за инспирација да земат играчи како Џон Тери и Френк Лампард.
 
„Менаџер сум од 2000” – вели Мурињо во интервју за магазинот Esquire. „Ова е мојата втора генерација на играчи”.
 
„Чувствувам дека претходно играчите се обидуваа да направат пари во текот на кариерата, да бидат богати на крајот од кариерата”.
 
„Но во денешно време, луѓето кои се околу играчите се обидуваат да ги направат богати пред тие да ја започнат својата кариера”.
 
„Се обидуваат да ги направат богати кога ќе го потпишат првиот договор, кога не одиграле ниту еден натпревар во Премиер лигата, кога не знаат како е да се игра во Лигата на Шампионите”.
 
„Ваквиот тренд понекогаш ги става клубовите во тешка позиција”.
 
„Потребно е да го пронајдете правото момче, момчето што сака да успее, што има голема страст за фудбалот”.
 
„Неговиот сон не е еден милион повеќе или еден милион помалку, неговиот сон е да игра на највисоко ниво, да освојува трофеи. И доколку го стори сето ова, секако ќе бидете богат на крајот од кариерата”.
 
„Па работиме напорно да им го покажеме правиот пат на младите играчи, да го следат примерот на момци од минатото, како Лампард или Тери, кои секогаш фанатично ја посакуваа победата”.
 
Мурињо исто така има замерка и за тоа што играчите во денешно време многу внимание посветуваат на својот изглед.
 
„Многу пати во Реал Мадрид, пред почетокот на натпреварите играчите стоеа во ред пред огледалото додека судиите ги чекаа во тунелот”.
 
„Но такво е општеството. Младите играчи многу се грижат за ова”.
 
Запрашан за употребата на социјалните мрежи, Португалецот вели: „Како можам да ги спречам играчите да твитаат додека сме во автобусот? Како да ги спречам кога моите деца го прават истото?”
 
„Па морам да се прилагодам”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...