Tuesday, 25 February 2014 13:42 Фудбал

Лига на Шампиони | Во пресрет на натпреварот против Челзи, Дидие Дрогба говори за љубовта кон неговиот поранешен клуб и Жозе Мурињо...



Утре во дресот на Галатасарај, Дидие Дрогба ќе игра против Челзи предводен од Жозе Мурињо, клубот во кој ги помина најубавите моменти во кариерата.
 
„По ждрепката, Мурињо ми пиша смс 'ова е твој момент, уживај'" - изјави Дрогба.
 
„Луѓето знаат колку многу го сакам Челзи и фановите".
 
„Но би сакал да постигнам гол бидејќи сакам да се квалификуваме во следната рунда. Но треба да покажете почит".
 
„Не можам да заборавам што имам направено таму и сите тие спомени со клубот. Челзи секогаш ќе има посебно место во моето срце и мојот живот".
 
Следниот месец Дрогба ќе наполни 36 години, но вели дека сеуште има многу да понуди.
 
„Невозможно е да го сопрете времето, но возможно е со вашата интелигенција на теренот и вашето искуство, да играте на високо ниво уште две-три години".
 
„Вашите соиграчи ќе знаат дека не сте истиот како од пред 10-15 години, и треба да ви дадат поддршка".
 
„Исто така зависи и од желбата за игра. Јас се чувствувам млад. Сакам да играм дури и на пријателски натпревари. Сеуште се чувствувам како дете кое сака да трча по топката. Сакам да играм колку што можам повеќе".
 
„Не се работи само за физичката можност, исто така важна е и довербата која ви ја дава тренерот. Кога ја имате неговата доверба, верувајте ми, можете да правите одлични работи".
 
Дрогба знае дека Жозе Мурињо може само да ги подобри фудбалерите на Челзи.
 
„Сите ние имавме потенцијал, но Жозе знае како да го развие вашиот талент".
 
„Доколку Еден Азар го слуша Жозе, доколку се храни и игра како што тој му вели, тој може да биде, многу, многу добар".
 
„Потребно ви е време да ги разберете работите. Тимот треба да се развива, има многу нови фудбалери кои се талентирани".
 
„Годината која го напуштив Марсеј, беше првата во која играв во Лигата на Шампионите, а втора во првата француска лига, па не бев сигурен дали да заминам во Челзи".
 
„Тогаш Мурињо дојде и ми рече 'Треба да дојдеш со мене. Сакам да те направам еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата".
 
„Се разбира дека сакав да бидам еден од најдобрите. Но бев млад, го чувствував тоа како ризик. Не сакав да го напуштам Марсеј, таму бев крал. Побезбедна беше опцијата да останам".
 
„Но Мурињо уште еднаш ми рече 'Ти си добар фудбалер, но ако сакаш да бидеш најдобар тогаш дојди и играј за мене".
 
„Бев импресиониран, гледав некој кој беше навистина самоуверен. И од она што го видов во Порто, помислив, можеби треба да му верувам. Сакав да бидам како некој од напаѓачите кои тој ги имаше во Порто. Па одлучив да потпишам за Челзи".
 
„Работејќи со Жозе, научив многу, тој е еден од најдобрите, ако не и најдобар".
 
„Не учеше да мразиме да губиме".

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...