Thursday, 20 February 2014 14:00 Фудбал

Германија | Пеп Гвардиола вели дека сите во Баерн Минхен сака Тони Крос да стави потпис на нов договор, и го пофали играчот за перформансите против Арсенал...



24 годишниот репрезентативец на Германија е обврзан кон ’Баварците’ до 2015, и неодамна ја одби последната понуда за продолжување на договорот.
 
Токму затоа неговата иднина на Алианц Арена беше ставена под знак прашалник, а во зимскиот преоден рок Манчестер Јунајтед се обиде да стигне до услугите на Тони Крос.
 
Обидот на шампионот на Англија беше неуспешен, но се најавува дека ’Црвените Ѓаволи’ ќе достават нова понуда летоска.
 
Дејвид Мојс вчера беше во ложата на Емирати Стадионот и ја следеше средбата помеѓу Арсенал и Баерн Минхен во осмина-финалето од Лигата на Шампионите.
 
Тони Крос прикажа одлична партија, го отвори резултатот со прекрасен удар од далечина и беше главен играч во средниот ред на ’Баварците’.
 
По крајот на натпреварот, Пеп Гвардиола ја пофали играта на Тони Крос и посочи дека сите во клубот сакаат тој да остане.
 
„Тони одигра на многу, многу виско ниво. Тоа беа перформанси на нивото на Лигата на Шампионите“ – рече тренерот на Баерн.
 
„Сите ние сакаме Крос да стави потпис на нов договор, а и самиот тој го посакува истото”.
 
„Оптимист сум. Сите во клубот го посакуваат тоа”. 

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...