Tuesday, 18 February 2014 13:46 Фудбал

Лига на Шампиони | Со натпреварите Манчестер Сити - Барселона и Леверкузен - ПСЖ започнува елиминационата фаза од Лигата на Шампионите...



Вечерва на Етихад стадионот, Манчестер Сити ја пречекува Барселона во можеби најинтересниот натпревар од 1/8 финалните дуели во Лигата на Шампионите.
 
Силината на двата противници најавува вистински спектакл и израмнет двобој во кој нијанси ќе одлучуваат кој ќе го продолжи патот накај Лисабон.
 
Голем хендикеп за Мануел Пелегрини е отсуството на Серхио Агуеро кој поради повреда ќе го пропушти вечерашниот натпревар, но добра вест е враќањето на Фернандињо кој откако дојде во Сити се промовираше во многу значајна алка на тимот.
 
Посебен оптимизам во Барселона носи формата на најдобриот, Лео Меси кој го надмина критичниот период кога имаше проблеми со ефикасноста и сега повторно ги тресе противничките мрежи.
 
Каталонците се во неверојатна серија од шест пласмани по ред во полуфинале, додека за Манчестер Сити ова ќе биде прво 1/8 финале во Лигата на Шампионите.
 
Во сенка на денешниот натпревар, Леверкузен го пречекува францускиот шампион ПСЖ.
 
Утре се играат натпреварите Милан - Атлетико Мадрид и Арсенал - Баерн Минхен.
 
На 25. февруари се дуелите Зенит - Борусија Дортмунд и Олимпијакос - Манчестер Јунајтед, а ден подоцна Шалке - Реал Мадрид и Галатасарај - Челзи.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...