Wednesday, 05 February 2014 14:16 Фудбал

Шпанија | Чави ја отфрла можноста да игра во Премиер лигата, потенцира колку ја сака Барселона и сака до крајот на кариерата да игра на Камп Ноу...



34-годишниот Чави во целата своја досегашна кариера го носи дресот на Барса, тој веќе дојде до бројка од 700 одиграни натпревари за шпанскиот шампион.

Чави има голема почит кон Премиер лигата, но вели дека во Барселона сака да остане засекогаш.

„Секогаш имало шпекулации кои ме поврзуваат со Јунајтед, Челзи, Сити или Арсенал, но никогаш немало ништо конкретно" - вели Чави за Sun.

„Секогаш сум знаел што сакам, никогаш не сум се сомневал. Јас сум таков фан на Барселона, што секогаш ќе мислам на Барса. Доколку требало да играм за Сити, Јунајтед, Арсенал или Челзи, јас ќе продолжам да прашувам што се случува во Барса - мојот клуб".

„Сите големи клубови знаат дека е невозможно да ме имаат. Знаат дека Чави е фан на Барселона и нема да дојде кај нив".

„Не жалам што нема да играм во Премиер лигата, иако знам дека таму повеќе те почитуваат. Потешко е да најдеш почит во Шпанија. Тука критиката е поголема. Во Англија фудбалер кој освоил многу трофеи е попочитуван отколку во Шпанија".

„Но нема да се случи да играм таму, бидејќи мојот сон, моите чувства и мојата желба биле да играм за Барселона. Секогаш".

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...