Friday, 18 December 2009 14:30 Фудбал

Според последните информации на медиумите од Италија екипита на Лацио и Интер можно е да извршат трампа Горан Пандев-Патрик Виеира...

Иднината на македонскиот интернационалец е мета на шпекулации во последните шест месеци откако Горан Пандев изминатово лето одби да ја продолжи верноста со Лацио и побара да замине од Олимпико.

Во моментов во тек е судскиот процес кој го започна Пандев против Лацио и во кое напаѓачот бара раскин на договорот и доколку тој го добие спорот во јануари слободно ќе може да избира нов клуб.

Но во меѓувреме медиумите од Италија најавуваат и други можни начини за Пандев да го напушти Лацио а според денешното издание на La Repubblica Лацио и Интер ја разгледуваат можноста за трампа Пандев-Виеира.

Според весникот Виеира, кој добива мала шанса на Џузепе Меаца во Лацио би се преселил во на позајмица и Нероаѕурите сеуште би плаќале дел од платата на Французинот бидејќи Бјанкочелестите не можат во целост да ги покријат примањата од над 4 милиони евра на поранешниот играч на Арсенал.

Но La Repubblica додава дека се зависи од исходот на судскиот спор помеѓу Лацио и Пандев и доколку Македонецот го добие случајот целата зделка ќе пропадне.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...