Wednesday, 16 December 2009 13:11 Фудбал

Европското фудбалско тело го суспендираше судијата Антон Генов кој сега е под истрага за местење на натпревари...

Како што веќе објавивме минатата недела Антон Генов се сомничи дека го наместил пријателскиот натпревар помеѓу Македонија и Канада одигран минатиот месец.

Судијата од Бугарија требаше да биде делител на правдата на дуелот помеѓу Динамо Киев и Барселона, кој се одигра минатата недела, но во последен момент беше заменет откако УЕФА добила извештај од обложувалниците кои се посомневале на исходот од дуелот помеѓу Македонија и Канада.

Тогаш УЕФА не ја објави причината за повлекувањето на Генов но медиумите од Бугарија посочија дека делителот на правдата кумувал на исходот на пријателскиот натпревар помеѓу Македонија и Канада, досудувајќи четири пенали за да се постигнат три или повеќе гола.

Потпарлот на УЕФА вчера соопшти дека Антон Генов е суспендиран од сите интернационални натпревари како и натпреварите од Лигата на Шампионите и Лига Европа – се додека не се изврши целосна истрага.

УЕФА додаде дека имало ’очигледни нерегуларна обложувачка шема’ за време на пријателскиот натпревар Македонија-Канда.

“Откако го интервјуиравме судијата и му поставивме некои прашања, УЕФА одлучи да не го назначува Антон Генов на ниту еден натпревар во Европа се до следните соопштенија.” – реше потпаролто на УЕФА Роб Фаулкнер во соопштението до медиумите.

Обложувачките комании до УЕФА доставиле извештај во кој се велеле дека имало големи облози за тоа дека на натпреварот ќе има најмалку три погодоци, како и бројот на досудени пенали.

43 годишниот Генов е на листата на ФИФА за интернационални натпревари од 1999 година.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...