Tuesday, 14 January 2014 14:09 Фудбал

Англија | Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо признава дека изминатово лето размислувал за враќање на Олд Трафорд...



Португалецот во 2009 ги напушти ’Црвените Ѓаволи’ и направи трансфер на Сантијаго Бернабеу вреден 80 милиони фунти.
 
Изминатово лето имаше голем број на шпекулации за иднината на Кристијано Роналдо, медиумите во еден период го поврзуваа играчот со враќање на Олд Трафорд.
 
Неодамна Рио Фердинанд откри дека се обидел да го убеди CR7 да се врати во Манчестер Јунајтед, дефанзивецот на ’Црвените Ѓаволи’ често разговарал со поранешниот соиграч.
 
Кристијано Роналдо, кој во септември стави потпис на нов пет годишен договор со ’Кралевите’, сега признава дека размислувал за напуштање на Реал Мадрид и враќање во Манчестер Јунајтед, каде помина шест сезони.
 
Зборувајќи по вчерашната церемонија во Цирих, каде ја доби Златната Топка за 2013, Португалецот рече. „Вистина е дека јас и Рио разговаравме често изминатово лето”.
 
„Рио ми е добар пријател. Игравме заедно многу години во Манчестер Јунајтед. Бевме соседи кога живеев во Манчестер”.
 
„Тој е фантастичен човек и се обиде да ме убеди да се вратам во Манчестер”.
 
„Навистина размислував за враќање на Олд Трафорд. Клубот сеуште е во моето срце, таму играв шест години и навистина го сакам Манчестер Јунајтед”.
 
„Имам многу пријатели таму и им посакувам се најдобро”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...