Thursday, 09 January 2014 14:33 Фудбал

Шпанија | Реал Мадрид соопшти дека интерната истрага покажала дека Анхел Ди Мариа не направил непристоен гест кон фановите на Сантијаго Бернабеу па затоа играчот нема да биде казнет...



Репрезентативецот на ’Гаучосите’ се најде на ’тапет’ поради инцидентот што се случи во понеделникот на средбата против Селта.
 
По една бледа партија, Анхел Ди Мариа беше заменет во 64. минута, и од теренот беше испратен со исвиркувања од навивачите.
 
На излегување од теренот, фудбалерот се фати за гениталиите, а весниците овој потег го протолкуваа како одговор на играчот на свирежите од фановите упатени на негова адреса.
 
Анхел Ди Мариа веднаш ги демантираше ваквите обвинувања, а Реал Мадрид започна дисциплинска постапка.
 
’Кралевите’ денеска пренесоа дека интерната истрага што била спроведена покажа дека нема доволно докази кои укажуваат на тоа дека Анхел Ди Мариа направил непристоен гест кон фановите на Сантијаго Бернабеу.
 
Затоа клубот одлучил да не го казни Аргентинецот, и да го затвори целиот случај.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...