Tuesday, 31 December 2013 15:12 Фудбал

Англија | Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини вели дека нема шанси Един Џеко да биде продаден во зимскиот преоден рок...



Серхио Агуеро и Алваро Негредо се прв избор за нападот на ’Граѓаните’, па Един Џеко има ограничена минутажа.
 
Се говори дека репрезентативецот на БиХ не е задоволен од ваквата ситуација и можно е да замине од Етихад Стадионот во јануари.
 
Неколку клубови од Серија А пројавуваат интерес за неговите услуги, но Мануел Пелегрини вели дека нема шанси Един Џеко да биде продаден во зимскиот преоден рок.
 
„Никогаш не постоеа шанси за Џеко да замине во јануари” – рече менаџерот на ’Граѓаните’.
 
„Тој е важен дел од нашиот тим. Доколку го погледнете последниот месец, ќе видите дека одигра на голем број натпревари во декември”.
 
„Јасно е дека секој фудбалер сака да игра на секој натпревар, но со оглед на големиот број на натпревари што ги имаме, невозможно е тоа да се случи”.
 
„Мислам дека тој е среќен тука. Џеко е квалитетен фудбалер па секако дека постои интерес за неговите услуги, но нема да биде продаден”.
 
Медиумите исто така шпекулираат дека Џек Родвел би можел да замине на позајмица, неговиот поранешен клуб Евертон се посочува како фаворит, но Мануел Пелегрини ја отфрла ваквата можност.
 
„Не сакам да загубам ниту еден играч во овој момент, потребни ми се сите фудбалер”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...