Monday, 30 December 2013 18:18 Фудбал

Италија | Според пишувањата на медиумите од Италија, одбројани се деновите на Марио Балотели на Сан Сиро, напаѓачот ќе замине во јануари...



Изминатиов викенд, весникот Il Secolo XIX објави дека сопственикот на Милан, Силвио Берлускони сака да се отараси од контроверзниот ’Супер Марио’ и му наредил на Адриано Галијани да прифати понуда од 25 или повеќе милиони евра.
 
’Росоњерите’ експресно ги негираа ваквите стории, и со соопштение на својата веб страна демантираа дека Марио Балотели е на продажба.
 
„Милан цврсто ги демантира коментарите кои беа поврзани со претседателот Силвио Берлускони околу можниот трансфер на Марио Балотели“ – гласеше известувањето на ’Миланезите’.
 
„Марио Балотели е фудбалер на Милан, и ќе остане фудбалер на Милан“.
 
Сепак, низ медиумите од Италија продолжуваат да кружат шпекулации дека проблематичниот напаѓач ќе замине од Сан Сиро во зимскиот преоден рок.
 
Медиумите го цитираат неговиот агент Мино Раиола како вели дека Челзи е една од опциите на Марио Балотели.
 
„Марио сака да замине од Милан во јануари” – рече Раиола.
 
„Не знам каде ќе се пресели, но ќе разгледаме неколку различни опции”.
 
„Челзи е една опција, но не сме добиле конкретна понуда и не можам да кажам ништо повеќе”.
 
Според некои извори, ваквите коментари на Мино Раиола сепак не се вистинити.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...