Monday, 23 December 2013 16:59 Фудбал

Англија | Жозе Мурињо верува дека стабилноста е клуч за успешен клуб и вели дека би сакал на кормилото на Челзи да остане уште 12 години...



Мурињо помина три успешни сезони во Челзи, во 2007 доби отказ од Роман Абрамовиќ, но подоцна ги надмина несогласувањата со Русинот и минатото лето се врати на Стемфорд Бриџ.

Португалецот сега сака долг престој во Западен Лондон, а негова желба е кариерата да ја заврши како селектор на Португалија на Светско првенство.

„Реално се надевам дека по истекот на овие четири години, ќе седнеме со клубот, ќе ја анализираме ситуацијата и ќе одлучиме дали е подобро да продолжиме или да се разделиме" - вели Мурињо.

„Но, јас би сакал да останам тука во наредните 12 години. Следниот месец полнам 51 година. Би сакал во Челзи да бидам уште 12 години, а потоа две години со национален тим, да играм на Светско првенство. Преферирам тоа да биде со репрезентацијата на Португалија, Англија е мој втор избор".

„Најдобар начин да се води клуб е со стабилност. Доколку сакате фудбалерите да се развиваат, тоа најдобро се прави со стабилност, тогаш можете во целост да ги пренесете идеите, филозофијата, моделот на игра, стилот на лидерство".

„Сетоа тоа доаѓа со стабилност, на највисокото ниво е сопственикот и бордот, потоа доаѓа менаџерот, на втората линија во хиерархијата".

„Стабилноста е многу важна. Видете го примерот со Манчестер Јунајтед, сите сметаат дека Дејвид Мојс ќе може мирно да ја извршува својата работа. Мислам дека тоа е фантастично".

Мурињо уште еднаш напомена дека во Челзи се вратил бидејќи го сака клубот.

„Имаше многу тимови кои ме сакаа мене и на кои брзо можев да им донесам успех, но се вратив во Челзи".

„Доколку се работеше за финансии, немаше да го напуштам Реал Мадрид за помала плата, а таму имав уште три години од договорот".

„Не дојдов тука бидејќи ова е лесна работа или бидејќи имам тим подготвен за напад на титулата, или поради најдобриот договор во мојот живот. Не, ова е најлошиот договор во последните шест години кога се финансиите во прашање. Тука сум бидејќи го сакам клубот, го сакам проектот. Ова е еден поинаков проект".

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...