Friday, 13 December 2013 18:45 Фудбал

Англија | Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини се извини за лошата калкулација и гафот на средбата со Баерн Минхен во Лигата на Шампионите...



Во вторникот, ’Граѓаните’ успеаа да се опорават од два гола негатива и да слават со 3-2 на гостувањето на Алианц Арена.
 
Сепак, ваквата победа не му беше многу од корист на Манчестер Сити, тимот од Англија остана на втората позиција на табелата и не успеа да си обезбеди поволна ждрепка.
 
Мануел Пелегрини верувал дека им е потребна победа од три гола разлика, и затоа во финишот од средбата во игра не го вметнал најдобриот стрелец Серхио Агеро.
 
Ваквата одлука на стратегот беше силно критикувана, па Чилеанецот попладнево се извини.
 
„Не требаше да се случи ова, но објаснувањето за настаните е едноставно” – рече Пелегрини.
 
„Пред почетокот на средбата знаев дека треба да победиме со 3-0. По нивниот прв гол, мислев дека победа од 3-1 нема да биде доволна бидејќи тие имаат подобра гол разлика. Мислев дека треба да победиме со три гола разлика, 3-0 или 4-1”.
 
„Кога тие го постигнаа вториот гол престанав да мислам што ќе се случи доколку постигнеме четири гола”.
 
„Тоа беше моја грешка, бидејќи малку тимови имаат постигнато четири погодоци против Баерн Минхен”.
 
„Се фокусирав на тоа што треба да направиме за да го промениме резултатот”.
 
„Признавам дека направив грешка, но немам грижа на совест за она што го направивме бидејќи до последните мигови се обидувавме да постигнеме четврти гол”.
 
„Не успеавме, но ако добро погледнете, го заменив Давид Силва по 70 минути со Алваро Негредо, а не со Винсент Компани или пак со Дедрик Бојата, па продолживме да играме со двајца напаѓачи, продолживме да бркаме нов гол”.
 
„Во последните пет или седум минути, Баерн имаше посед од 80%, па во игра го вметнав Џек Родвел со намера да ја задржиме топката повеќе во наши нозе, да нападнеме а не да се браниме”.
 
„Се извинувам што не успеавме да постигнеме четврти гол против Баерн Минхен”.
 
Пелегрини исто така истакна дека воопшто не е загрижен од тоа кој ќе му биде противник на Манчестер Сити во осмина-финалето.
 
„Не се плашам од противникот во осмина-финалето. Не верувам дека некои тимови се послаби од други. Верувам дека сите 16 тимови во нок-аут фазата се подеднакво исти за нас”.
 
„Мислам дека за Манчестер Сити е многу поважно тоа што на играчите им се зголеми самодовербата по триумфот над Баерн Минхен отколку освојувањето на првото место во групата”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...