Friday, 29 November 2013 16:22 Фудбал

Англија | Рајан Гигс кој денес го слави својот 40. роденден, не смета дека годините се причина да размислува за пензија, Велшанецот сака уште да допринесува за Манчестер Јунајтед на теренот...



На натпреварот против Баер Леверкузен, Рајан Гигс уште еднаш покажа дека може да игра на највисоко ниво и покрај годините.
 
Легендата на Манчестер Јунајтед денес полни 40 години, но вели дека тоа е само бројка, а не пречка за да продолжи да игра.
 
„Некои ги гледаат годините, но тоа го прифаќам како предизвик. Јас ќе знам кога ќе дојде времето за пензионирање" - вели Гигс.
 
„Треба да прифатите дека некои луѓе ќе велат: "Неговите нозе веќе не се исти, не треба да биде во тимот бидејќи е престар".
 
„Но сум имал лоши натпревари и кога имав 19, 20, 25, 26 години. Треба само да се запрашате дали сеуште можете да допринесете за клубот, дали сеуште сте во плановите на тренерот?".
 
„Можеби доколку се селев од клуб во клуб, до сега ќе бев пензиониран. Среќен сум што сум дел од само еден клуб, каде што сум опкружен со добри фудбалери. Исто така имаме и добар тренер".
 
„Се обидувам секој ден да тренирам напорно и да бидам подготвен за повик во тимот".
 
„Уживам колку што можам и се разбира, се трудам да дадам допринос за тимот".

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...