Monday, 25 November 2013 18:16 Фудбал

Германија | Генералниот извршен директор на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге вели дека тие не помислуваат да одвојат 250 милиони евра за ангажман на Лео Меси...



’Баварците’ беа посочени како еден од тимовите кои биле подготвени да ја платат откупната клаузула во договорот на Лео Меси и да го ангажираат репрезентативецот на Аргентина изминатово лето.
 
Во разговор со Sky90, генералниот извршен директор на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге вели дека сумата од 250 милиони евра е апсурдна, и тие не помислуваат да потрошат толку пари.
 
Запрашан дали шампионот на Германија е спремен да плати 250 милиони евра за Меси, тој рече: „Зборуваме за бројки кои едноставно се апсурдни, трансфер сума која е многу поголема од она што го потрошивме на Хави Мартинез”.
 
„Нема шанси да платиме толку”.
 
„Покрај тоа, знам дека Барса нема никогаш да го продаде Меси. Тој  е светец во Барселона и нема да го продадат”.
 
„Исто така мислам дека за Меси најдобро е да остане на Камп Ноу, перфектно се вклопува таму”.
 
Баерн Минхен во 2012 плати 40 милиони евра за ангажман на Хави Мартинез од Атлетик Билбао, и тоа е најскапиот трансфер во историјата на Бундеслигата.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...