Tuesday, 05 November 2013 14:48 Фудбал

Англија | Асмир Беговиќ открива дека Роберто Манчини сакал да го донесе на Етихад Стадионот но трансферот пропаднал по заминувањето на Италијанецот од Манчестер Сити...

По слабите игри што ги прикажува Џо Харт, медиумите од ’Островото’ одново говорат за можноста Асмир Беговиќ да се пресели во Манчестер Сити.
 
Репрезентативецот на БиХ, кој важи за еден од подобрите голмани во Премиер лигата, открива дека минатата сезона бил блиску до преселба на Етихад Стадионот, но зделката не се реализира бидејќи Роберто Манчини заработил отказ.
 
„Ние играчите сме последни што дознаваме, веројатно нашите агенти и официјалните лица од клубовите се тие што први дознаваат, и потоа кога преговорите се во напредна фаза ни ги пренесуваат вестите” – рече Беговиќ за Dnevni Avaz.
 
„Што се однесува до Манчестер Сити, кога Роберто Манчини беше на кормилото, бевме многу блиску до договор“.
 
„Но трансферот не се реализираше поради неколку причини, најмногу поради тоа што Италијанецот замина”.
 
„Дали сеуште би можел да се преселам во Сити? Навистина не знам дали сеуште има преговори помеѓу двата клуба”.
 
„Но за мене веројатно најдобро е да ја завршам сезоната во Стоук, мислам дека тоа ќе ми овозможи на најдобар начин да се подготвам за Светското Првенство во Бразил”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...