Saturday, 12 October 2013 14:04 Фудбал

СП 2014 | По синоќешните квалификациони натпревари, селекциите на Белгија, Германија, Швајцарија и Колумбија изборија пласман на Светското првенство во Бразил...

Белгија синоќа на гостувањето кај Хрватска го завери пласманот на Светското првенство откако славеше против Коцкастите со 2-1 и прв пат по 2002 година ќе се најде на Мундијалот.

Тие важеа за прв фаворит во нашата група и лесно, без поголеми проблеми го обезбедија првото место во групата на коло пред крајот.

Пласманот синоќа го завери и селекцијата на Германија, која со убедливи 3-0 славеше над Република Ирска.

Јоаким Лев располага со фантастичен состав на фудбалери кој ќе биде еден од главните фаворити во Бразил.

И соседот на Германија, селекцијата на Швајцарија ќе патува во Бразил, Швајцарците синоќа ја победија Албанија на нејзин терен и ги решија сите дилеми околу првото место.

По пауза од 14 години, Колумбија ќе биде дел од Светското првенство откако синоќа во интересен натпревар со Чиле дојде до потребниот бод.

Колумбијците губеа со 3-0, но успеаа да се вратат и на крајот стигнаа до 3-3, за голема радост.

Покрај овие четири репрезентации, освен домаќинот Бразил, учество визираа и селекциите на Јапонија, Австралија, Иран, Јужна Кореја, Италија, Холандија, САД, Коста Рика и Аргентина.

Последното коло од групната фаза во квалификациите се игра во вторник.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...