Tuesday, 01 October 2013 13:57 Фудбал

Англија | Според медиумите од ’Островото’, семејството Глејзер ќе му обезбеди на Дејвид Мојс голем трансфер буџет во јануари за засилување на Манчестер Јунјтед...

Голем број на весници од Англија утрово излегоа со сторија дека сопствениците на ’Црвените Ѓаволи’ ветиле голема сума на пари за засилување на тимот во зимскиот преоден рок по разочарувачките перформанси на стартот од сезоната.
 
Различни весници пишуваат за различни бројки, од 50 милиони па се до 100 милиони фунти.
 
Се говори дека Дејвид Мојс во јануари одново ќе се обиде да ги ангажира Лејтон Бејнс од Евертон и Андер Ерера од Атлетик Билбао, откако не успеа да стигне до потписот на овие играчи изминатово лето.
 
Како други трансфер цели се споменуваат и централниот дефанзивец на Порто, Елиаким Мангала и фудбалерот од средниот ред на Баер Леверкузен, Ларс Бендер.
 
’Црвените Ѓаволи’ ја следат и ситуацијата на Андрес Иниеста, но се очекува плејмејкерот наскоро да стави потпис на нов договор со Барселона.
 
Илкај Гундоган од Борусија Дортмунд е уште едно име што се наоѓа на листата со желби, и скаутите на Манчестер Јунајтед добро ќе внимаваат на неговите игри.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...