Friday, 27 September 2013 14:42 Фудбал

Шпанија | Андрес Иниеста вели дека не е во војна со Барселона околу новиот договор, и додава дека сака да стави крај на кариерата на Камп Ноу...

Репрезентативецот на ’Црвената Фурија’ е обврзан кон ’Каталонците’ до 2015 и шампионот на Шпанија се обидува да ја продолжи верноста на Андрес Иниеста, но двете страни сеуште не можат да пронајдат согласност.
 
Медиумите шпекулираат дека фудбалерот одбил нов договор со годишна плата од 12 милиони евра, а целата ситуација внимателно ја следат ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
 
Андрес Иниеста вчера се појави на прес конференција и една од главните теми беше неговата иднина.
 
29 годишниот Шпанец рече дека сака да стави крај на кариерата на Камп Ноу, и инсистира дека парите не се проблем за новиот договор.
 
„Нема војна помеѓу мене и Барса” – рече Иниеста. „Мојата желба и намера е да се пензионирам во Барса, а и клубот го сака истото”.
 
„Сигурен сум дека ќе постигнеме согласност”.
 
„Клубот сака да останам а и јас сакам да продолжам во Барса. Не се работи за пари, не сум заинтересиран за тоа дали сум втор, трет, четврт или петти најплатен играч”.
 
„Она што ме мотивира е фактот што знам дека пред мене имам уште неколку добри години во кој ќе продолжам да бележам прогрес”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...