Wednesday, 25 September 2013 13:59 Фудбал

Франција | Златан Ибрахимовиќ стави потпис на нов договор со ПСЖ, напаѓачот се обврза кон ’Светците’ до 30. јуни 2016...

Откако ПСЖ плати 63 милиони евра за услугите на Единсон Кавани се говореше дека Златан Ибрахимовиќ би можел да замине од Паркот на Принцовите.

Сепак, репрезентативецот на Шведска остана во Париз, и сега откако заврши преодниот рок стави потпис на нов договор.
 
„ПСЖ е задоволен што може да соопшти дека го продолжи договорот на Златан Ибрахимовиќ. Напаѓачот сега е обврзан кон клубот до јуни 2016” – гласеше соопштението на шампионот на Франција.
 
Детали од договорот не се откриваат, а според медиумите, Ибра во иднина ќе заработува по 15 милиони евра годишно.
 
Откако стави потпис на новиот договор, Златан рече: „Не гледам поамбициозен клуб од ПСЖ во Европа”.
 
„Моја желба е ПСЖ да ми биде последниот голем клуб. Овој клуб е ист како мене: сонот никогаш не е доволно голем”.
 
Во разговор со ТВ каналот на ’Светците’, тој додаде: „Се чувствувам навистина среќен. Уште од првиот ден кога пристигнав кажав дека ПСЖ е клубот на иднината”.
 
„Денеска, сакам да ја завршам кариерата тука, во клуб кој расте секој ден. Тоа беше мојот сон, и сега ќе го дадам максимумот за сонот да се оствари. Се надевам дека ќе продолжиме да правиме големи работи”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...