Monday, 23 September 2013 14:27 Фудбал

Италија | Наполи славеше голема победа во дербито против Милан на Сан Сиро, Балотели за прв пат во кариерата не реализираше удар од белата точка, Интер го прегази тимот на Сасуоло...

Наполи со големи три бода се враќа од гостувањето во Милано откако со 2-1 ги совладаа Росоњерите.
 
До синоќешниот натпревар Балотели имаше серија од 21 прецизен пенал, но на овој дуел го имаше своето прво промашување од белата точка во кариерата.
 
Наполи поведе уште во 6. минута со погодокот на Бритос кој најдобро се снајде пред голот на Абиати.
 
Наполи играше одлично, сигурно, Милан се обидуваше да дојде до израмнување, но тешко успеваше да го загрози голот на Реина.
 
По десет минути игра во вториот дел, Игуаин постигна гол од далечина за предност од 2-0 на Наполитанците, лоша интервенција на голманот на Милан.
 
Во 60. минута Балотели успеа да се избори за пенал, тој ја изведе најстрогата казна но синоќа одличниот Пепе Реина го одбрани неговиот удар, прво промашување за напаѓачот на Италија.
 
Последните 25 минути на теренот ги одигра и Горан Пандев кој влезе на местото од Марек Хамшик.
 
Каљехон и Инсиње се во подобра форма од македонскиот интернационалец, па Пандев последните натпревари ги започнува од клупата.
 
На почетокот од судиското продолжение, Балотели реализираше убав гол од далечина за намалување на резултатот од 2-1, но веќе беше доцна за избегнување на поразот.
 
Ривалот на Милан, Интер со неверојатни 7-0 славеше на гостувањето кај Сасуоло.
 
Диего Милито имаше одлично враќање на терените постигнувајќи два гола, по еден реализираа Паласио, Тајдер, Алварез и Камбијасо, Пучино си постигна автогол.
 
За разлика од Милан, Интер на чело со Мацари ужива одличен старт на сезоната во Серија А.
 
Рома со 2-0 славеше во римското дерби против Лацио.
 
Балзарети во 63. донесе водство за Римската Волчица, Љајиќ од пенал во 94. ги постави конечните 2-0 за Рома.
 
Јуве со 2-1 ја победи Верона во Торино, Фиорентина со 2-0 славеше на гостувањето кај Аталанта.
 
Болоња со 2-1 загуби на свон терен од Торино, немаше погодоци на натпреварот помеѓу Катанија и Парма.
 
По четири одиграни кола, Рома и Наполи се на чело на табелата со по 12 бодови, Интер, Јуве и Фиорентина имаат по 10, Милан со четири бода се наоѓа на 11. позиција.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...