Monday, 23 September 2013 14:20 Фудбал

Англија | По лошиот старт во новата сезона, Сандерленд вчера вечерта се раздели со менаџерот Паоло Ди Канио...

По поразот од ВБА во саботата, Сандерленд се најде на последното место на табелата со само еден бод од пет натпревари.
 
Лидерите на клубот решија дека е време за промени па ’Црните Мачки’ вчера вечерта му дадоа отказ на Паоло Ди Канио.
 
„Сандерленд може да соопшти дека се раздели со менаџерот Паоло Ди Канио” – гласеше соопштението на тимот од Стадионот на Светлината.
 
Кевин Бол ќе го предводи тимот на дуелот со Питерборо во вторник во Лига Купот, а се очекува во скоро време да биде именуван нов менаџер.
 
Паоло Ди Канио во март го превзеде кормилото на Сандерленд, а ваквиот потег наиде на големи критики.
 
Медиумите, фановите па и дел од раководството му замерија на клубот бидејќи назначил тренер кој е фашист.
 
45 годишниот стратег одолеа на притисокот, на Сандерленд му донесе опстанок во Премиер лигата и најави дека ќе го промени од корен клубот.
 
Тој донесе нов тренерски персонал, беше воспоставен нов построг фитнес режим, а во летниот преоден рок на Стадионот на Светлината пристигнаа 14 нови играчи.
 
Сепак, сето ова не носи резултати на стартот на сезоната, па Сандерленд е во потрага на нов менаџер.
 
Поранешниот предводник на Челзи, Роберто Ди Матео е фаворит за наследник на Ди Канио, а како опција се споменува и Гус Појет.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...