Thursday, 12 September 2013 13:03 Фудбал

Шпанија | Таткото на Месут Озил е незадоволен од однесувањето на ’Кралевите’ и сториите за приватниот живот на неговиот син па се закани со тужба...

Во последниот ден од летниот преоден рок репрезентативецот на Германија го напушти Сантијаго Бернабеу и се пресели во Арсенал во зделка вредна околу 50 милиони евра.
 
Фановите на Реал Мадрид беа разочарани од ваквиот потег, а трансферот предизвика незадоволство и кај некои фудбалери, помеѓу кој и главната ѕвезда Кристијано Роналдо.
 
Пред неколку дена шпанскиот весник ABC, повикувајќи се на извор близок до претседателот на ’Кралевите’, Флорентино Перез објави дека првиот човек на Реал Мадрид верувал дека Месут Озил не бил добар професионалец и бил опседнат со жени и ноќниот живот.
 
Мустафа Озил, таткото на Месут е разочаран од ваквите написи, верува дека ова е обид да се оцрни образот на неговиот син па се закани со тужба.
 
„Само поради тоа што некој заработува многу пари не значи дека е чесен човек, и Флорентино Перез не е чесен човек” – рече Мустафа Озил за Bild.
 
„Го направија Месут жртвено јагне. А јас сум алчниот татко кој само чекаше да се случи мега зделка”.
 
„Сето ова е местенка. Ќе се браниме на суд”.
 
„Доколку Месут живеел непрофесионално во Мадрид, тогаш зошто секогаш беше во стартниот состав?”
 
„Сега сакаат да го оцрнат мојот син бидејќи фанвоите и соиграчите се бесни поради неговата продажба”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...