Friday, 30 August 2013 14:39 Фудбал

Останато | Првиот човек на УЕФА, Мишел Платини најави дека ќе се обиде да го промени начинот на кој функционира трансфер пазарот во модерниот фудбал...

Французинот нема ништо против трансферот на Герет Бејл во Реал Мадрид за рекордни 100 милиони евра со оглед на тоа дека ’Кралевите’ имаат доволно финансиска моќ да си го дозволат Велшанецот.
 
Сепак, претседателот на европската куќа на фудбалот, Мишел Плати е незадоволен од начинот на кој функционира трансфер пазарот во модерниот фудбал и најави дека ќе се обиде да го промени тоа.
 
„Мислам дека сегашниот систем на трансфер на играчи е грабеж” – рече Платини вчера од Монако.
 
„Има премногу луѓе кои прават пари при продажбата и купувањето на играчите“.
 
„Исто така голем број фудбалери воопшто не припаѓаат на клубовите, туку на финансиски компании и трети страни”.
 
„Кога јас играв, секогаш кога ќе ми истечеше договорот, бев слободен да одам каде што сакав”.
 
„Во денешно време, играчите се повеќе продукти отколку фудбалери, со огромен број на луѓе кои се обидуваат да ќарат процент”.
 
„Мислам дека ние и ФИФА треба да ја проанализираме оваа ситуација и да најдеме некое поздраво решение”.
 
За трансферот на Герет Бејл во Реал тој рече: „Од аспект на моралната страна, вакви прашања се поставуваа кога Диего Марадона направи трансфер. Луѓето велеа ’леле, 5 милиони за играч’ а потоа беше трансферот на Зидан, па на Кристијано Роналдо и сега на Бејл – 100 милиони евра”.
 
„Сигурно дека има пари за ваков вид на трансфери. Реал Мадрид има приход повеќе од 250 милиони евра, и доколку купат тројца играчи за вкупна сума од 100 милиони евра, никој нема да поставува прашања. Исто така тие имаат опција да платат на рати”.
 
Неколку менаџери од Премиер лигата побараа трансфер пазарот да се затвори со почетокот на првенството а не на крајот од август.
 
„И јас се сложувам со ова, трансфер пазарот трае премногу долго, но целиот свет е инволвиран и првенствата секаде не се играат во исто време”.
 
„Доставивме предлог до ФИФА па ќе видиме што ќе случи, сакаме сите првенства во Европа да започнат во исто време. Трансфер пазарот е премногу долг и сакаме да го скратиме”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...